„Полицајци“ и „Емигранти“ викендов повторно пред охриѓани

И овој викенд две претстави во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Народен Театар Охрид.

На 15 март, петок, ќе се прикажува претставата „Полицајци“ во режија и адаптација на Андреј Цветановски, со почеток во 20:00 часот.

Во сабота, 16 март, на репертоарот е претставата „Емигранти“ од Славомир Мрожек во режија на Ирена Стеријовска, исто така со почеток во 20:00 часот.

Картите можат да се купат  на билетарата секој работен ден по 15:00 часот. Влезот чини 100 денари.

WebOhrid