И овој викенд две претстави во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Народен Театар Охрид.
На 15 март, петок, ќе се прикажува претставата „Полицајци“ во режија и адаптација на Андреј Цветановски, со почеток во 20:00 часот.
Во сабота, 16 март, на репертоарот е претставата „Емигранти“ од Славомир Мрожек во режија на Ирена Стеријовска, исто така со почеток во 20:00 часот.
Картите можат да се купат на билетарата секој работен ден по 15:00 часот. Влезот чини 100 денари.
WebOhrid