Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Загрозување на сигурноста“, секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето С.Д.(39) од Охрид, поднесе кривична пријава.
На 8-ми овој месец, пријавениот во два наврати му упатил сериозни закани на С.А. (42) директор на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ кој во својство на службено лице извршувал службени дејствија.
Заканите, пријавениот ги извршил најнапред телефонски јавувајќи му се на неговиот службен мобилен телефон. Тоа го направил околу 11 часот и 15 минути изрекувајќи му низа навредливи, недолични и заканителни зборови. Таквиот телефонски разговор го прекинал С.А. кој го исклучил телефонот.
Околу пладне истиот ден, пријавениот С.Д. го забележал С.А. во кафе барот „Новел“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Притоа, приоѓајќи му на една од масите, пријавениот С.Д. на висок тон му се заканил дека ќе нападне врз неговиот живот и тело. Тој му упатил сериозни закани, лични навреди и со недолично однесување го повикал С.А. надвор од објектот на физичка пресметка.