Ивановски во Охрид ја промовираше најновата апликација за туристичките атракции

Почнувајќи од Охрид, Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ја презентираше најновата апликација која што министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Универзитетот Св. Кирил и Методиј, со факултетот за информатички комуникации, технологии и инженерство.

Апликацијата ќе им помогне на сите посетители, сите туристи во Охрид, на сите туристички водичи да имаат современа алатка каде што ќе можат да ги презентираат убавините на Охрид и на РМ, со користењето на најновите технологии од 21 век.

„Имено станува збор за апликација која што работи т.н. аугментед реалност, на некој начин виртуелна реалност каде што во апликацијата има повеќе опции во кои што мапи со користење на GPS сигнал, интернет сигнал, ќе  можат сите оние кои ја имаат оваа апликација на својот телефон да ги обележат и да ги посетат најзначајните туристички атракции во Охрид“. – истакна Ивановски.

Како што изјави Ивановски, првата опција на апликацијата има повеќе можности покрај тоа што има мапа, каде што може да зумира на радиус до 250 км, може да се разгледаат знаменитостите со мали сликички во зависност тоа каде се наоѓа туристот, да селектира што е најзначајно до неговата локација, па да пристигне до таа локација. Ќе има текст на македонски јазик, а за брзо време ќе биде достапен и на англиски јазик.

„Втора опција ја имаме опцијата каде што се излистани сите атракции и без разлика на која локација се наоѓа туристот може да селектира една, а после да се излистаат по назив затоа што делот на туристите слушаат за многу атрактивни места, но не можат да ги најдат или да се запознаат подобро. И како последна варијанта е токму на аугментед реалноста каде што дококу со мобилен телефон, апарат, се движите 0д насока на север или југ, било каде, самата апликација ќе ги изнајде атракциите кои што се околу вас, кажува во која дирекција се и на која оддалеченост се од вас. Ова е последниот збор на технологијата“. – додаде Ивановски.

Како што потенцира Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, тие како ресор задолжени за информатичкото општество како и за напредокот на РМ, се трудат во секој сегмент од општеството да истражат, да го воведат тоа што е најатрактивно, најдостапно за сите нас.

Презентацијата започна од Охрид, продолжува во Скопје и секако во останатите градови, како што рече Ивановски, се со цел да се направи една квалитетна апликација.

Ivanovski1WebOhrid