Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 22 решенија против исто толку вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2 и 3 и член 207 став 1 точки 4, 8 и 15 од Колективниот договор на МВР.
Притоа, на 13 вработени им е изречена парична казна, на петтмина вработени мерка – “запирање на постапката“, додека на четворица вработени мерка – “писмено предупредување“, а се работи за:
Џ.Ф., полициски службеник во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од два месеци (го напуштил теренот и седел во угостителски објект),
Т.Д., полициски службеник во СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 5% од месечната плата во траење од четири месеци (при чистење на службениот пиштол испукал еден проектил во земја),
И.Т., полициски службеник во РЦ за ГР „Исток“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци (не извршил детална гранична контрола на патници),
С.Д., полициски службеник во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од два месеци (учествувал во тепачка),
М.Ќ., полициски службеник во РЦ за ГР „Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел за време на работа),
Д.М., полициски службеник во РЦ за ГР „Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел за време на работа),
Т.С., полициски службеник во РЦ за ГР „Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел за време на работа),
Р.И., полициски службеник во РЦ за ГР „Исток“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (носел приватен мобилен телефон на работното место),
С.С., полициски службеник во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци (при чистење на оружје со колега испукал од пиштол и се повредиле),
Б.С., полициски службеник во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци (при чистење на оружје со колега испукал од пиштол и се повредиле),
Љ.П., полициски службеник во СВР Велес, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (употребил и бил под дејство на наркотични средства),
Н.Т., полициски службеник во СВР Велес, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (учествувал во тепачка),
В.Т., полициски службеник во ПС ОН Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (вербално се расправал со колега),
З.С., полициски службеник во РЦ за ГР „Исток“, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (извршил прекршок против јавниот ред и мир),
А.Р., полициски службеник во СВР Скопје, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (не постапил професионално при интервенција за нарушен јавен ред и мир),
М.М., полициски службеник во СВР Охрид, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (не излегол на лице место на настан и не ги превзел неопходните мерки за расчистување на настанот),
Г.Ќ., полициски службеник во СВР Тетово, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (неправилно одзел документација од извршител).