Петрески: Позади нив не седат дела, туку само лажни реклами и смешни изговори

Актуелниот и кандидат за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината на денeшната прес средба со медиумите, најпрво изрази голема благодарност за сите граѓани, кои како што рече самоиницијативно се појавијале на вчерашниот величествен митинг во Скопје, со што покажале и докажале дека анкетите на Павел Шатев биле лажни.

„Овие избори ги одбележа ниската кампања и секојдневните посети на министрите по домовите на Охриѓани, заборавајќи дека тие треба да се во своите работни кабинети каде ќе ја работат работата за која се избрани. Оваа сабота ги видовме Спироски и Коњаноски во Лакочереј што практично значи злоупотреба на нивната позиција. Истото го прави и противкандидатот Бакрачески, секојдневно одејќи од куќа на куќа мислејќи дека граѓаните заборавиле колку тие чекале пред вратите кога одат на преглед во Центарот за кариологија – Охрид , каде тој е претпоставен. Имаа цели седум години да ја средат оваа земја, цели три години Охрид го оставија без хирургија и гинекологија, и место со Тодоров да ја средат оваа состојба, Бакрачески чекал да стане градоначалник, па да отиде во Португалија за да го примени нивниот здравствен систем“. – обвини Петрески.

Како што кажа Петрески, сето она што го ветил тој, го остварил, односно сето тоа што било во негова надлежност, ветува дека ќе ги оствари и другите проекти и дека за неколку месеци ќе има нова централна власт.

„Јас сум градоначалник на сите граѓани без оглед на политичката отределба . Охриѓани го знааат тоа. Иако тие требаа да ме повикуваат на дуел истите мудро се кријат затоа што позади нив не седат дела, туку само лажни реклами и смешни изговори“. – додаде Петрески.

WebOhrid