Бакрачески: Ве уверувам дека ниту еден ден од мандатот нема да помине, а да не се донесат мерки и одлуки во интерес на Охрид

Охрид, град во кој граѓаните ќе користат добро развиена инфраструктура и улици, град во кој ќе се спречи прекумерната урбанизација, град во кој ќе биде решено прашањето на паркинзите и цената на паркинзите. Ова се приоритетите на кои што ќе работи кандидатот за градоначалник од коалицијата за Подобра Македонија, кој како што рече на денешната одржана прес конфернеција, веднаш по првиот ден по преземањето на Локалната самоуправа во Охрид.

„Има еден исклучително важен момент кој денес сакам да го соопштам на нашите сограѓани. Имено,  граѓаните на Охрид многу  добро паметат дека локалната самоуправа на СДСМ преку мнозинството во Советот изгласа неколку Одлуки со кои без логично објаснување  ја подигна цената на сметките неколку комунални услуги за граѓаните на Охрид и тоа цената на сметките за вода , за комунални услуги , за одведување на атмосферски води  па и за одржување на гробните места. Со цел само да ги спаси лошо менаџираните и нерентабилни јавни претпријатија Локалната самоуправа  гласаше да се подигнат цените за вода на сметките од ЈП Проаква за 20 проценти , ги зголеми цените на услугите на Комуналец за 9 % , ги зголеми цените на услугите на Нискоградба за околу 15 % и одреди висина за тнр.гробарина прво од 1200 денари ,па потоа 720 денари годишно. Истоа така при проценките за утврдување на висина на данокот на промет на недвижности и права,се билдаа драстично високи проценки,па граѓаните при остварен промет беа принудени да плаќаат високи даноци. Овие одлуки на мнозинството на СДСМ сериозно а непотребно удрија по џебот на граѓаните кои ионака се засегнати од економската криза“. – истакна Бакрачески.

Бакрачески како иден градоначалник на Охрид, ги уверува граѓаните на Охрид дека заедно со неговиот тим имаат сосема поинаков пристап кон начинот на раководење со Јавните претпријатија и ефектот од тоа работење врз услугите и врз џебот на граѓаните. 

„Ние плански приоѓаме кон секој еден денар од приходната и расходната страна на Буџетот на Општината и на Јавните претпријатија. Нема да дозволиме од парите на граѓаните да се прават како досега непродуктивни трошења и тоа на сметка на граѓаните“. – додаде Бакрачески.

Бакрачески јавно вети пред граѓаните на Охрид дека на една од првите седници на Советот на Општина Охрид со мнозинството кое би го имале советниците од ВМРО-ДПМНЕ, ќе предложеле намалување на цените на комуналиите и други услуги кои се под надлежност на Локалната самоуправа. 

„Притоа ќе го респектираме ставот кој и досега го имаше советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид дека давачката за одржување на гробни места наместо 720 денари ќе биде 200 денари годишно.Ќе ги ангажираме најкомпетентни кадри кои стручно и одговорно ќе ги изготвуваат проценките на имот и права на реална основа со што граѓаните на Охрид нема да бидат принудени да плаќаат зголемен данок на промет. сигнификантно ќе ги скратиме  астрономски високите и нејасни репрезентации;  давачките за мобилни телефони ; непотребните и бесцелни патни трошоци  и ред  други измислени давачки на Општината“. – нагласи Бакрачески.

Намалувањето на цените на комуналните услуги како што кажа д-Бакрачески ќе води кон релаксирање на семејнитот буџет на охриѓани.  

„Очекуваме со ова намалување на цените на комуналните услуги да придонесеме  да го релаксираме  семејниот буџет на охридските семејства.  На 24 Март победуваме заради Охрид ,заради проектите и заради мерките кои ќе ги превземеме за подобро живеење во градот. Ве уверувам дека ниту еден ден од мандатот нема да помине , а да не се донесат  мерки и одлуки во интерес на Охрид“. – рече Бакрачески.

И на крај од денешната прес средба, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески  ги покани сите граѓани да се придружат на големата победа на 24 Март и да станат дел од новото современо лице на Охрид, од кое придобивки ќе имаат и гостите, но, пред се граѓаните на Охрид.

Bakraceski1WebOhrid