ВМРО-ДПМНЕ: Охрид е новиот ТАТ, предизвикан од Петрески и СДСМ

ОК на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која од партијата уште еднаш се осврнаа на како што кажаа, нелегалните активности на актуелниот градоначалник Петрески и Локалната самоуправа.

„Како што наближува денот на изборите се повеќе граѓани до нас доставувaат информации  и документи за нелегалните активности на Петрески и Локалната самоуправа. Сето тоа наподполнето со последните панични реакции на Петрески и СДСМ и нивното отсуство на спомнување за иднината на Охрид се јасен сигнал дека наближува крајот на човекот и структурите кои 8 години го тероризираа Охрид. Но, истовремено на сите охриѓани им е јасно дека во овие 8 години на Охрид му се случи ТАТ. Охрид е новиот ТАТ предизвикан од Петрески и СДСМ.

Потрошените 8 буџети и 70 тина милиони евра без никакво капитално дело за Охрид, истовремено креираните 30 милиони евра долгови во име на Општината, купови на неисплатени фактури кои седат по фиоките, плаќања за лични потреби, огромни суми во непродуктивни дела по јавните претпријатија, недоделување на плати на вработените, сето тоа се изрази на класична пирамида и класичен создаден октопод кој што му се случи во Охрид. Овој создаден ТАТ во Охрид, охриѓани нема да го простат.

Со извесното доаѓање на новиот Градоначалник Бакрачески и мнозинството на Сoветот на општината од ВМРО-ДПМНЕ, ги уверуваме граѓаните дека во Охрид ќе започне нова ера, но исто така ги уверуваме и дека ништо нема да се заборави од она што се случуваше во овие 8 години и одговорните за тоа ќе понесат законска одговорност“. – истакна портпаролот Митровиќ.

WebOhrid