Николоски: Јавно ветивме дека простување НЕМА да има!

ОК на ВМРО-ДПМНЕ, денес одржа прес-конференција. Оваа конфернција пратеникот Александар Николоски ја окрактеризра како прес-конференција со најмногу информации во оваа изборна кампања, но за жал и  најтажниот прес за вистината со која се соочува општината Охрид.

„Имено, Бранко Црвенковски и Александар Петрески по сценариото од 1997 година наречено ТАТ Битола создадоа нов ТАТ во Охрид. Општина Охрид функционира како финансиска пирамида“. – рече Николоски.

Николоски ги презентираше точните податоци којшто ги достави и до медиумите, на кои е прикажана  точната задолженост на Општина Охрид и јавните претпријатија ПРОАКВА, КОМУНАЛЕЦ, НИСКОГРАДБА.Овие податоци како што кажа Николоски се сума на целокупните информации којшто овие денови до нив стигнале од сите чесни и загрижени луѓе, кои што работат во Општината и јавните претпријатија.

„Сумите се до денар и до евро прецизни. Сумата на долговите е тажна но вистинита и изнесува 1 МИЛИЈАРДА 146 МИЛИОНИ 412 ИЛЈАДИ и 400 денари точно или 33 МИЛИОНИ 306 ИЛЈАДИ и 500 евра заклучно со 31.12.2012 година за Општина Охрид, ЈП Проаква, ЈП Комуналец и ЈП Нискоградба.Можеме да претпоставиме дека има сличен долг и во другите Јавни претпријатија за кој што немаме податок.Да е трагедијата поголема за непродуктивни трошоци само за неполни два месеци во 2013 година односно за јануари и февруари се направени трошоци во висина од 32 МИЛИОНИ 699 ИЛЈАДИ 290 денари или 536 ИЛЈАДИ 053 евра.Ова е Охридскиот ТАТ, долговите достигнуваат висина на скоро четири вкупни буџети на Општина Охрид. Ова е вистината на криминалното работење на Бранко Црвенковски и Александар Петрески во Охрид. Преку две илјади луѓе коишто работат во Општината и ЈП се на работ на својата егзистенција поради долговите, а шеесет илјади жители на Охрид ги трпат последиците на ова недомаќинско и криминално работење на Бранко Црвенковски и Александар Петрески“. – истакна Николоски.

Nikoloski2

Николоски го реафирмираше јавното ветување на кандидатот за нов градоначалник на Охрид Никола Бакрачески, дека ќе направи силни напори во соработка со Владата на Република Македонија да се најде излез за Охридскиот ТАТ односно прекумерниот долг на Општината незапаметен во историјата на било која општина во државата и регионот, како и тоа дека како иден градоначалник нема да отпушта од работа.

„Исто така јавно ветивме дека простување НЕМА да има! Ова е злодело врз Охрид. Како што одговараше Соња Николовска од ТАТ така ќе одговараат и оние што го направиле ОВА. Со новиот Градоначалник ќе влезат и соодветните ревизорски и истражни институции па да видиме кој работел чесно, а кој правел долгови, кој мислел за интересот на Охрид а кој создавал нов ТАТ“. – заврши пратеникот Николоски.

WebOhrid