Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари работна посета на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија.
Во рамки на посетата, претседателот Иванов оствари средба со директорот на Агенцијата за разузнавање и со директорите на дирекциите во Агенцијата за разузнавање, на која беше информиран за тековните и предвидените активности во 2013 година.
Од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање беше презентирана програмата за работа на АР за 2013 година и годишниот извештај за работата на АР за 2012 година. Во делот на извршување на активностите, Агенцијата за разузнавање стави акцент на регионалните политички процеси и идентификување на заканите и ризиците по регионалната безбедност, како и на заканите и ризиците по националната безбедност на Република Македонија.