Сојуз за иднината: ДПМНЕ продолжува со неоснована медиумска војна против победничкиот кандидат Петрески

Сојузот за иднината реагира на прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неоснованата медиумска војна против победничкиот кандидат за градоначалник Петрески. Жално е што Николоски зборува за долговите, а во иство време доаѓа од Владата која ќе биде запаметена по тоа што ја задолжил оваа земја со повеќе од 40 проценти од БПД. Македонија никогаш не била нити посиромашна нити позадолжена. Николоски додека бил во главниот град заборавил дека општина Охрид и нејзините јавни претпријатија најголемиот долг го влечат од времето кога ДПМНЕ раководеше и со општината и со нив.

Која хипокризија, кое лицемерие? Луѓе кои само во последните три месеци ја задолжија Република Македонија со нови една милјарда и 200 милиони евра, луѓе кои секој месец се задолжуваат за да поделат плати и пензии, луѓе кои ја доведоа Македонија до банкрот – зборуваат за долгови, ова не е дно, ова е подолу од дно“. – стои во реакцијата.

WebOhrid