Свети архиерејски литургии по повод Тодорова сабота и првата недела од Велигденскиот пост

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 23 март 2013 година (сабота), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литур-гија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот  епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота), со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

На 24 март 2013 година (недела), во црквата „Свети Никола“ – Геракомија, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници, информираат од канцеларијата на Дебарско-Кичевската Епархија Митрополија Охрид.