Пановски и Митровиќ изразија јавна благодарност за соработката на медиумите

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Дејан Пановски како и портпаролот на комитетот Никола Митровиќ денес пред медиумите изразија јавна благодарност за соработката која ја имаа во текот на Локалните избори 2013.

„Сакам да упатам една јавна благодарност до медиумите за сето она што го поминавме во текот на кампањата, целокупниот фер однос кој што го градевме кон медиумите и тие кон нас, за целокупната кампања која што ја имавме за овие локални избори 2013 година и се надевам дека тој фер однос ќе го продолжиме и во наредниве 4 години кога ВМРО-ДПМНЕ и г-дин Бакрачески ќе ја раководат Општината Охрид, ќе ги имаме на располагање и медиумите и оние кои што се критички настроени за се она што во наредниот период ќе го работиме во име на Охрид и за граѓаните на Охрид“. – истакна Пановски.

Mitrovic2

„Еве и јас во мој стил ќе започнам како и секогаш што започнувам: Почитувани претставници на медиумите, почитувани новинари, да ви се заблагодарам за досегашната соработка. Искрено мислам дека имавме стварно добра соработка, се надевам дека таа соработка ќе ја надградуваме и понатаму во времето што следи, ви блaгодарам за коректноста, за соработката, па тука сме како и секогаш да сорабoтуваме и понатаму“. – рече Митровиќ.

WebOhrid