„Малограѓанска свадба“ викендов повторно пред охриѓани

Во националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, овој викенд, во петок и сабота со почеток од 20:00 часот, ќе се прикажува претставата „Малограѓанска Свадба“ – Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски.

Ќе играат Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, Невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ -Еми, жената, Стрезо Стаматовски – Нејзиниот маж, Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот.

Претставата се игра пред 24 лица, кои заедно со актерите седат на свадбената трпеза.

Картите се по цена од 250 денари и можат да се купат на билетарата на Центарот за култура.

Претставата е наменета за возраст од над 14 години.

WebOhrid