Бесими – Бенце: Соработка и поддршка за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими се сретна со aмбасадорот на Република Унгарија Јожев Бенце.

На средбата, вицепремиерот Бесими и амбасадорот Бенце ја истакнале успешната билатерална соработка, потврдени од серијата посети на високи претставници од двете земји во изминатиот период.

Амбасадорот Бенце ја потврди заложбата на Унгарија за целосна поддршка на европската интеграција на Република Македонија.

„Во тој контекст,соработката на политичко ниво треба да биде проследена со блиска соработка помеѓу државните институции од двете земји преку пренос на искуства во различни области во процесот на пристапување во Европската Унија“, нагласил амбасадорот Бенце.

Истакната е и взаемната подготвеност за продлабочување на економската соработка на Република Македонија со земјите од Вишеградската група, каде припаѓа и Унгарија, при што амбасадорот Бенце нагласил дека од јули 2013 година неговата земја го превзема претседателството со Вишеградската група. Биле разгледани и можностите за размена на искуства за нивниот модел во Западниот Балкан.

Бесими и Бенце разговарале и за остварување почести средби на високо ниво во пресрет на објавувањето на пролетниот Извештај на Европската Комисија и одржувањето на Советот на ЕУ.