„ПЕТ“ Охридско Езеро

Езерото никако не може да се доискашла. Она што го исфрлаат брановите на достапните места, релативно лесно може да се собере, но многу често отпадот заглавува во трските и на други недостапни делови од крајбрежјето на Охридското Езеро.

Pet01

Најчест отпад се пластичните ПЕТ шишиња. Еколошката свест дефинитивно мора да проработи, пред да биде доцна и Охридското Езеро со сите свои ендемични видови да добијат „титула“ ПЕТ Езеро, или пак ПЕТ локвањ, ПЕТ трска, ПЕТ охридска пастрмка и сл.

Без разлика на тоа кој е виновен и од чија страна доаѓа овој отпад, треба најитно да се бараат виновниците и најостро да се санкционираат.

Pet03

Години наназад сме сведоци како лебедите градат гнезда врз отпад, но од година во година отпадот се зголемува, а бројот на лебедите и другите животински видови се намалува.

Доказ дека животните повеќе ја сакаат чистата средина е и оваа водна желка која објективот на WebOhrid ја улови во чистиот дел од трските.

Pet04

WebOhrid