Црвенковски упати честитка по повод Велигден до верниците од католичка вероисповед

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден упати честитка до Апостолскиот егзарх, скопскиот Бискуп г-дин Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, во која се вели:

„Дозволете ми Вам лично и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Воскресението Христово ВЕЛИГДЕН со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови.

Ја користам оваа убава прилика да го нагласам моето искрено уверување дека сите ние заедно ќе продолжиме секојдневно да го даваме својот придонес во градењето на просперитетна европска иднина на Република Македонија во која секогаш ќе владее меѓусебното разбирање, взаемното помагање и толеранција. Католичката Црква во Република Македонија суштински придонесува во негувањето на овие вредности и убеден сум дека и понатаму со заедничко вложување ќе продолжиме во истата насока.

На крајот дозволете ми уште еднаш да Ви посакам Вам лично и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да ги поминете Велигденските празници во кругот на семејството во добро празнично расположение“. – стои во честитката.