Света архиерејска литургија по повод празникот Благовештение

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 април 2013 година (недела), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Благовештение“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.