Северна Кореја одобри нуклеарен напад врз САД

Севернокорејската војска објави дека го одобрила отпочнувањето на воени активности против САД, вклучувајќи и нуклеарни напади.

Во соопштението на Генералштабот на севернокорејската војска, се наведува дека „немилосрдните операции се конечно испитани и одобрени“. Исто така, во соопштението стои дека не се знае дали војната ќе почне денес или утре, одговорноста за се што може да следува се префрла кон САД.

Потенцијални цели на заканите од Северна Кореја би биле американските бази во Пацификот, Гуам и Хаваи, а не се исклучуваат и териториите на западниот брег на САД.

Од Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави сметаат дека оваа опасност е „реална и извесна“. Тие истакнуваат дека патот за мирот на корејскиот полуостров сеуште постои, а тоа најмалку треба да се прави со нуклеарни закани.