Инвеститори од Германија бесправно изградиле површина поголема од предвидената

СВР Охрид поднесе посебен извештај против Т.М.(46) и Д.М.(53), двајцата со живеалиште во Германија за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во периодот од мај до декември 2012 година, во Охрид на ул. „Климентов универзитет“, пријавените како инвеститори, на земјиште нивна сопственост изградиле индивидуална станбена зграда со површина поголема од предвидената во одобрението за градење и ревидираниот основен проект.