Министерот Кралев најави реконструкција на струшкото училиште „Јосип Броз Тито“

Основното училиште „Јосип Броз-Тито“ во Струга е дел од Програмата за реконструкција на училиштата во Република Македонија, најави министерот за образование и наука Панче Кралев при денешната посета на ова струшко училиште.

„Предвидено е училиштето да биде дел од Програмата на Министерството за образование и наука за целосна реконструкција со средства кои се обезбедени од Банката при Советот на Европа.  Предвидено е да бидат заменети прозорците, подовите и покривната конструкција“, изјави Кралев.

Директорката на училиштето „Јосип Броз-Тито“ Ана Столеска истакна дека со поддршка од ресорното министерство училиштето успешно спроведува и други проекти.

„Училиштето учествува и во многу други проекти. Пред извесно време добивме и еден проект од Американската агенција за меѓународен развој за реновирање на училиштето преку проектот за мултиетничка интеграција во образованието, исто така во соработка нашето Министерство за обрзование и наука“, рече Столеска.