Понеделник неработен ден за припадниците на ромската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ,  8 aприл 2013 година (понеделник), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.