„Полицајци“ во сабота во Центарот за култура

Во сабота 06.04.2013, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Народен Театар – Охрид, на репертоарот е претставата „ПОЛИЦАЈЦИ“ во режија Андреј Цветановски. Во претставата играат: Шеф на Полиција – Никола Тодороски, Наредникот – Валентин Костадиновски, Затвореникот – Стрезо Стаматовски, Генералот – Ивица Цонев, Жената на наредникот – Адријана Билаловиќ, Регентот – Горан Стојаноски, Полицајци –Никола Ристески, Игор Георгиоски, Владимир Ристески и Катерина Петреска.

Претставата ќе започне со почеток во 20:00 часот, а влезот чини 100 денари. Картите се во продажба на билетарата секој ден по 15:00 часот.

WebOhrid