Црвенковски: Овие избори за нас се целосно нелегитимни

Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, истакна дека овие избори не поминале во фер и демократска атмосфера и дека не биле легитимни.

“За нас овие избори не беа легитимни. Затоа ќе упатам порака до граѓаните: работите нема да излезат на арно, а цената на овие погубни политики, ќе ја платиме сите“, рече Црвенковски.

На Локалните избори 2013, како што рече тој, поразен бил народот, а не СДСМ.

“Без демократија нема економски напредок, нема подобра живеачка“, рече Црвенковски, додавајќи дека било јасно оти диктатурата не можела да ја сруши една партија, туку само народот.

WebOhrid