Трајкоски: 7-ми април за мене, но и за жителите на Дебрца, ќе биде врежан како еден од најзначајните датуми

„Низ историјата секогаш се запаметуваат датумите кои имаат големо значење, датуми кои преставувале пресвртница низ општествените процеси. Токму таков датум преставува и 7 април, датум кога во Општина Дебрца за прв пат на власт доаѓа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, – истакна на денешната победничка прес-конференција градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајкоски.

Како што рече Трајкоски овој датум за него ќе биде врежан како еден од најзначајните, но тоа ќе биде исто така најзначаен датум  и за жителите на Дебрца.

„Во оваа прилика најпрвин би сакал да се заблагодарам на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски кој ја имаше целосната доверба во мене. Исто така да се заблагодарам до сите министри, пратеници кои низ овој изборен процес ме поддржуваа. Благодарност до мојот тим, до советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ за Општина Дебрца. Но, најголема благодарност дозволете да им упатам на жителите на Општина Дебарца за потполната и целосната доверба која ми ја укажаа низ изборниот циклус“. – нагласи Трајкоски.

Основна цел во понатамошното делување на Трајкоски, како што кажа, она што го ветил и ќе го исполни, како и целосна ќе биде како што рече и неговата  поддршка која ќе ја даде за жителите на Дебарца.

„Народот е најголем коректор и критичар за дејствувањето на еден градоначалник, затоа јавно укажувам дека ќе бидам посветен на она што значи реализација на ДЕЛА и ПРОЕКТИ, со кои убавиот живот мора и ќе стане секојдневие. Јас сум човек од Општина Дебрца и тука ќе останам заедно со моите сограѓани со кои заедно ќе го реализираме најголемиот проект, а тоа е ПОДОБРА ДЕБРЦА за сите нас. Оттука дозволете да укажам дека мојата транспарентност ќе биде на примарно место, соработката на високо ниво а меѓусебната почит ќе биде примарна. Затоа од денес да го започнеме сите заедно главниот проект борбено и славно како што тоа го правеле нашите претци, а ние ќе го направиме за нашите идни поколенија… ДА ОДИМЕ кон ПОДОБРА ДЕБРЦА“. – додаде градоначалникот Трајкоски.

WebOhrid