Одиграно 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија

Денес се одиграа натпреварите од 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Постигнати беа следните резултати:

Беласица  1:3  Пелистер

Борец  4:0  Влазерими

Трим & Лум Струга  1:0  Македонија ЃП

Кожуф  1:1 (пенали 7:6)  Новаци

Могила  0:6  Силекс

Неготино  3:5  Еуромилк

Осогово  1:2  Брегалница

Плачковица  0:4  Победа

ССК Нова  0:6  Академија Пандев

Тетекс  2:1  Турново

Тиквеш  0:1  Ренова

Зајази  2:4  Шкупи

Победниците се пласираа во 1/8-финалето од Купот на Македонија. Тимовите на Работнички и Скопје директно се пласираа во следната рунда.

Поради настап во квалификациите за Лигата Европа, Шкендија и Вардар дополнително треба да ги одиграат натпреварите од 1/16-финалето од Купот на Македонија, каде и двата тимови гостуваат на 30 август. Шкендија ќе игра против Гостивар, додека пак Вардар против Локомотива Скопје.

WebOhrid