Изложбата „Запрени мигови“ утре во Центарот за култура

Во Петок, 12-ти април 2013 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ќе биде отворена изложбата „ЗАПРЕНИ МИГОВИ“ од Јозо Витиќ, со почеток во 19:00 часот.

Јозо Витиќ е роден во Сињ, Хрватска, во 1969 година. Со фотографија се занимава повеќе од две децении. Мотивите ги пронаоѓа во неговата татковина и во светот. Учествувал на голем број групни изложби, од кои две биле во Задар, но и на самостојни, од кои најобемната и најзначајната е онаа во Сињ во 2012 година.

Најновата самостојна изложба со наслов „Запрени мигови“, прва во Македонија, опфаќа избрани фотографии со мотиви од далечните, егзотични земји: Монголија, Кина, Непал и Индија, создадени при 11-месечниот престој на авторот на Далечниот исток и на Индискиот потконтинент.