Стручните служби на Локалната самоуправа, викендов извршија замена на дотраените светилки по шеталиштето на градскиот кеј.
Екипите на одделението за сообраќај и улици при општина Охрид интервенираа и ги заменија и прегорените светилки и на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и кружниот тек кај градскиот плоштад.
Истовремено интервенирано е и на инсталациите на столбовите за улично осветлување. Вкупно беа заменети 45 светилки.
Во наредниот период локалната самоуправа континуирано ќе работи на тековно одржување на уличното осветлување на територијата на општина Охрид.