Во Лескоец успешно реализирано пробно екстерно тестирање

Вчера и денес во училиштето „Ванчо Николески“ во Лескоец се организира и реализира пробно екстерно оценување со кое по случаен избор се опфатени околу 200 ученици од IV доVIII одделение кои учат во централното и во подрачните училишта во Косел и Куратица.

Тестирањето го подготвува посебна комисија која изврши распоред на учениците, одредување на нивни наставници-тестатори, како и подготовка на компјутеризирани училници каде по електронски пат учениците го искусија првото пробно екстерно тестирање на вкупно 30 прашања кои бараат општи предзнаења за возраста на учениците.

Пробното тестирање има за цел проверка на системот на работа на компјутерите и во тие рамки и проверка на на ученичките ракувања со компјутерите и со техничката процедура и системот на реализација на тестирањето.

Доброорганизираните подготовки и активности од страна на Комисијата, придонесоа за успешна реализација на тестирањето. Сите ученици без проблем го искористија и совладаа начинот на електронското тестирање, а со оглед на брзото завршување на одговорите, учениците се задоволни и од тежината на поставените прашања, посакувајќи со ваква тежина да бидат и прашањата за главното и реалното екстерно тестирање кое ќе се одржи кон крајот на месец мај и кое ќе се однесува поединечно по секој предмет.

Со реализација на ова пробно екстерно електронско тестирање се намали и стресот кај учениците, како и кај родителите, па дури и кај наставниците и сега ќе можат сите тие поединечно и со заедничка соработка комплетно да се подготват и да заработат високи оценки со кои ќе се вреднува нивниот труд.

Пробното екстерно тестирање, во улога на набљудувачи го следат и претставници на Бирото за развој на образованието.

EksternoLeskoec2 EksternoLeskoec3WebOhrid

фото: ДИМ ДОН