Хуманитарен концерт за обнова на Манастирот Трескавец

Во понеделник, 22-ри април, во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“, во големата сала, ќе се одржи голем хуманитарен концерт.

Хуманитарниот концерт ќе започне во 20:00 часот.

Собраните средства ќе бидат наменети за обнова на Манастирот Трескавец.

Влезот чини 100 денари.