Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21 април 2013 година (недела), во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод петтата недела од Велигденскиот пост посветена на „Света Марија Египетска“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.