Царинската управа и А.Д. МЕПСО потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка

Царинската управа на Република Македонија и А.Д. МЕПСО потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка. Меморандумот го потпишаа двајцата директори, г-н Ванчо Каргов и м-р Синиша Спасов.

Целта на склучувањето на овој Меморандум е идентификување на специфични подрачја и предмети каде соработката и координацијата помеѓу Царинската управа и А.Д. МЕПСО е од есенцијално значење за спроведување на контролата на увозот, извозот и транзитот на електрична енергија во Република Македонија, при тоа водејќи сметка за принципите за оценка на ризик, барањата и размена на информации помеѓу договорните страни, како и јасно дефинирање на административните и технички процедури за остварување на потребното ниво на соработка и координација.

Со овој Меморандум се уредува координацијата и процедурите за соработка помеѓу Царинската управа и МЕПСО при пренос на електрична енергија низ високонапонската мрежа, управување со електроенергетскиот систем на Република Македонија и спроведувањето на мерките за царински надзор, царинска контрола и царинењето на електрична енергија.