Ден на планетата Земја

Денес, 22-ри април 2013 година, повеќе од една милијарда луѓе ќе земат учество на 43 годишнината од Денот на планетата Земја. Од Пекинг до Каиро, Мелбурн до Лондон, Рио до Јоханесбург, Њу Делхи до ЊуЈорк, луѓето ја искажуваат својата загриженост за планетата Земја и преземаат мерки за нејзина заштита.

Преку најразлични акции, манифестации, собири, на светот му се покажува лицето на климатските промени, она што претставува закана за иднината на нашата планета. Исто така се упатуваат пораки до оние кои се виновни за тие промени, директно или индиректно.

Со оглед на тоа што човекот е најголемиот виновник за климатските промени, се прават разни кампањи за подигнување на еколошката свест кај луѓето, со цел да се делува и да се спречи понатамошното уништување на „нашиот дом“ – планетата Земја.

WebOhrid