Денес „Ден без автомобилски чад – ден на велосипеди“

Секоја година, на 22-ри април се одбележува светскиот ден на планетата Земја. Овој ден за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. Основното училиште „Св. Климент Охридски“ Охрид ќе се вклучи во одбележувањето на 22. Април – Денот на планетата Земја, со  акција под наслов „Ден без автомобилски чад – ден на велосипеди“.

Возењето велосипед ќе се организира денес од градскиот плоштад до Горица еден.

„Целта на акцијата е на симболичен начин да се повикаат возрасните што помалку да ги користат автомобилите кои со своите издувни гасови го загадуваат воздухот, а наместо нив многу повеќе да ги користат велосипедите како превозни средства, како што тоа е пракса во развиените европски држави: Холандија, Норвешка, Шведска, Данска и други. Се надеваме дека оваа акција ќе биде успешен апел до граѓаните на Охрид што помалку да ги користат автомобилите. Ние, учениците и вработените од ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид сакаме преку оваа  акција да ја искажеме љубовта за  нашиот град Охрид и грижа и во иднина да остане чист и незагаден“. – велат учениците и вработените од  ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.