Во вторник ќе се формираат новите работни тела на Советот на Општина Охрид

Во вторник, 30 април, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи втората седница на Советот на Општина Охрид.

За седницата е предложен следниот Д Н Е В Е Н   Р Е Д :

  1. Верификација на мандат на член на Советот
  2. Давање и потпишување свечена изјава на член на Советот
  3. Предлог Решение за формирање Статутарно правна комисија
  4. Предлог Решение за  формирање  Комисија  за верификација, избори и  именувања
  5. Предлог Решение за  формирање  Комисија  за финансии и буџет
  6. Предлог Решение за  формирање  Комисија  за комунални дејности
  7. Предлог Решение за  формирање  Комисија  за урбанизам
  8. Предлог Решение за  формирање  Комисија  за општествени дејности
  9. Предлог Решение за  формирање  Комисија  за туризам и локален економски развој
  10. Предлог Решение за  формирање  Комисија  за заштита на животната средина.
  11. Предлог Решение за  формирање  Комисија  за месна самоуправа
  12. Предлог Решение за формирање  Комисија  за одбележување празници и манифестации и доделување на награди и признанија
  13. Предлог Решение за  формирање  Комисија  за еднакви можности меѓу мажите и жените
  14. Предлог Решение за  формирање  Комисија  за млади и спорт