Јанкулоска: Македонија бележи континуиран прогрес во борбата со корупцијата

Во делот на борбата против корупцијата Република Македонија бележи континуиран прогрес, а тоа е евидентирано во сите релевантни меѓународни извештаи, вклучително и во извештајот на Транспаренси Интернешенел, каде континуирано земјата бележи скок на ова поле.

Вака одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по барање на новианрите да го коментира  последниот извештај од Стејт департментот на САД во делот што се однесува за корупцијата.

„Нашата цел останува да го продолжиме овој позитивен тренд односно паралелно со реформите во нормативанат рамка, да продолжиме со имплементацијата. Статистиките потврдуваат дека и бројот на откриени случаи се зголемува од година во година, како и бројот на поднесени кривични пријави против сторители, а што е можеби поважно во однос на корупцијата и бројот на откриени злоупотреби во смисла на оштетувањата пред се на буџетот како износ“, истакна Јанкулоска.

На новинарско прашање за полициското присуство вчера на настанот кај хотелот Бристол во Скопје, министерката Јанкулоска посочи дека МВР ќе продолжи да функционира во рамките на своите законски надлежности и секогаш кога ќе биде побарана интервенција за воспоставување на јавниот ред и мир ќе постапува, затоа што, подвлече, никој нема право заради лично верување да содава неред, да уништува туѓ имот и да создава хаос.