Проголтала дијамант вреден 5 илјади долари

Идејата на Женскиот клуб од градот Тампа во САД, била едноставна, за 20 долари да купите чаша шампањ и да освоите еднокаратен дијамант во вредност од 5 илјади долари.

Организаторите на вечерата поставиле циркони, вредни 10 долари, во 399 чаши со шампањ, додека пак дијамант во последната 400-та чаша.

Проблем било тоа што 80 годишната Миријам Такер случајно го проголтала дијамантот. Таа за локалните медиуми изјавила дека не сакала да ги пика прстите во чашата, па ја испила. Смеејќи се со другите жени кои биле со неа на маса, сфатила дека го проголтала дијамантот.

На крајот, малку засрамена, морала да признае, бидејќи организаторите го барале победникот.

По извршената колоноскопија, дијамантот бил пронајден, исчистен и предаден на среќната добитничка, Миријам Такер.