Нападнато едно лице со безбол палка

Вчера, на 26-ти април околу 16:45 часот во Охрид на ул. „Мирче Ацев“, на скалите на самиот влез од зграда непознат сторите физички го нападнал С.Н.(29) удирајќи го со безбол палка во пределот на главата и телото.

Од нападот, С.Н. се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на горна вилица) и други повреди на телото, и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Охрид тој е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.