Рекламен простор има – реклами нема!

Неискористениот рекламен простор може да се забележи во Охрид, особено по „Булеварот Туристичка“. Покрај повеќето билборди празни останаа и рекламните паноа, со исклучок на семафорите и прометните крстосници, бидејќи тие се најзабележителни кога возачите чекаат на семафор.

Сопствениците на компаниите тешко се одлучуваат за рекламирање, имајќи ја во предвид лошата економска состојба, не само кај нас, туку и во целиот свет.

WebOhrid