ЈП „Градски пазар“ ќе дава бесплатни тезги за Василица и Водици

ЈП „Градски Пазар“ прави се, за Градскиот пазар да биде попристапен за жителите на општина Охрид, Дебрца и пошироко. Деновиве беше извршено санирање на партерот, во и околу Градскиот пазар со цел на потрошувачите да им се овозможи подобар пристап до тезгите.

„Беа извршени соодветни градежни работи, со што и корисниците на тезги – нашите коминтенти, поуспешно ќе ја извршуваат нивната дејност, но и потрошувачите полесно ќе доаѓаат до нив“, вели директорот на ЈП Тони Коталески.

Коталески во име на менаџерскиот тим на ЈП „Градски Пазар“ и Локалната самоуправа, ги известува сите заинтересирани месни одбори, урбани заедници и други организации, дека по повод претстојните празници „Православна Нова Година – Василица“ и „Богојавление – Водици“, можат бесплатно да користат тезги кои за овие потреби сакаат да ги постават во нивните средини, за што навремено ќе треба да се пријават во ЈП.

GradskiPazar02