Формирани новите работни тела на Советот на Општината

Советот на Општина Охрид ја одржа втората седница. На почетокот од денешната седница координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев побара советот да поднесе барање до градоначалникот Никола Барачески за формирање на експертска група која ќе ја разгледа ситуацијата со паркинзите во центарот на градот.

На седницата, Советот го верификуваше мандатот на советникот Кујтим Усеини, а потоа ги формираше и своите нови работни тела. Беа формирани Статутарно – правната комисија, Комисијата за верификација, избори и именувања, Комисијата за финансии и буџет, Комисијата за комунални дејности, Комисијата за урбанизам, Комисијата за општествени дејности, Комисијата за туризам и локален економски развој, Комисијата за заштита на животната средина, Комисијата за месна самоуправа, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување на награди и признанија, Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените, Комисијата за млади и спорт.

Со формирањето на работните тела, Советот на Општина Охрид  ќе може полноправно да ги извршува своите обврски.

WebOhrid