ЈП „Нискоградба“ апелира корисниците да ги подмират заостанатите долгови

Од јавното претпријатие „Нискоградба“ Охрид ги известуваат корисниците на услугите за одведување на отпадни и атмосферски води, дека во периодот пред Велигденските празници службата за наплата ќе работи во деновите:

Наплатна Корзо:

02.05.2013 година (четврток)  од 08- 19:00 часот

04.05.2013 година (сабота)   од 08- 14:00 часот

„Ги молиме корисниците кои што не ги подмириле обврските спрема ЈП Нискоградба  Охрид, тоа да го направат со што би одбегнале спроведување на законските и подзаконските акти и изложување на дополнителни трошоци“, – информираат од ЈП Нискоградба.

Плаќањето може да се изврши вирмански преку банка или пошта или во центарот за наплата Наплатна Корзо.