Тричковски потпиша за Легија Варшава

Иван Тричковски е нов играч на Легија Варшава. Тој со полскиот клуб потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште две.

„Сакав повторно да играм во Лигата на шампиони или Лигата на Европа, токму затоа со Легија ми се оствари сонот. Легија е најголемиот клуб во Полска, голем предизвик и голем чекор во мојата кариера. Сакам да му помогнам на тимот во освојувањето на шампионатот, купот и што е можно подалечна фаза во Европското натпреварување“. – изјави Тричковски за официјалната веб-страна на Легија Варшава.

28-годишниот Тричковски минатата сезона играше за тимот на Ал Наср во Обединетите Арапски Емирати. Претходно тој настапуваше и за Беверен, Клуб Бриж, АПОЕЛ, Енозис Паралимни, Црвена Ѕвезда, Работнички и Вардар.

WebOhrid