Заинтересирани граѓани во големата сала на Општина Охрид имаа можност пред градоначалникот Никола Бакрачески да ги изнесат своите ставови, мислења и проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот.
На средбата беа присутни и Раководителите на секторите и одделенијата на Локалната самоуправа кои на граѓаните им ги посочуваа законските решенија, права и обврски кои произлегуваат од законите и законските прописи кои владеат во Р. Македонија.
Практиката за средба со граѓаните ќе продолжи и во наредниот период, а со тоа ќе се зголеми транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните.