Премиерот Груевски оствари средба со градоначалникот Бакрачески

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска во рамките на својата посета на градот Охрид оствари средба со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.

На средбата двајцата соговорници разговараа за идните проекти и планови за развој на општината кои ќе значат подобрување на животот на граѓаните и решавање на долгогодишните предизвици, со кои се соочува општината.

Главна тема на разговорот беа проектите кои се ветени во програмата за работа на општина Охрид, а кои со заедничка поддршка на Владата треба да се реализираат во наредниот период.

Премиерот Груевски изворно беше информиран од страна на градоначалникот Бакрачески за динамиката и планот за нивна реализација.

Од страна на премиерот Груевски на средбата беше истакнато дека Владата континуирано ги поддржува напорите на општините за поттикнување на локалниот развој, што се отсликува преку проектите за модернизација на локалните и регионални патишта, поддршка на образованието, преку одвојувањето на финансиски средства за изградба и реконструкција на училишта, но и поддршка и поттикнување на локалниот економски развој што ќе придонесе за остварување на капацитети кои ќе значат и нови работни места за граѓаните.

Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за посетата на Премиерот и изрази подготвеност за плодна соработка помеѓу општината Охрид и Владата која ќе резултира со реализација на проектите од интерес на ѓраѓаните. Градоначалникот Бакрачески истакна дека активно работи и е насочен за надминување на најголемите хронични проблеми на Охрид и излегување во пресрет на реалните барања и потреби на охриѓани