Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира промотивна тура „Охрид 2014“. На промотивната тура што ќе се одржи во Охрид од 4 до 6 април 2014 година ќе присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово.
Гостите на промотивната тура, утре ќе ги прими градоначалникот Никола Бакрачески, а потоа ќе имаат директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид.
Според планот на промотивната тура, учесниците ќе ги посетат најзначајните културни и туристички локалитети на градот и руралните средини, а ќе се запознаат со можностите за развој на алтернативниот туризам.