Спречен обид за криумчарење на 37 мигранти од Авганистан и Пакистан

По предходно добиени оперативни сознанија, денеска (07.05.2013) во раните утрински часови во сели Слупчане, кумановско од страна на полициските службеници од СВР Куманово сопрено е ТМВ управувано од Ф.А. (39) од Куманово и при извршен преглед во приколката се пронајдени 37 државјани на Авганистан и Пакистан, сите од машки пол  на возраст од 18 до 30 години.

Имено, Ф.А. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, за неутврдена парична надокнада ги превзел мигрантите од Куманово со цел да ги превезе во Слупчане каде што требало да ги засолни и згрижи, а потоа и илегално да ги пренесе преку македонско-српската граница. Инаку, мигрантите на организаторот кој се наоѓа во Грција му платиле по 1.000 долари од човек, за да им организира непречено да стигнат во Унгарија.

СВР Куманово во содејство со Регионалниот центар за гранични работи-Север работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ке биде изготвена кривична пријава за – “криумчарење на мигранти“ а Ф.А. ке биде спроведен до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје. Пријавениот Ф.А. е познат сторител на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и насилство, за што е и осудуван.