Концерт на „Дуо Кларинети“

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, по повод светскиот ден на Европа, Ве поканува на концерт „ДУО КЛАРИНЕТИ“ – Ѓоревски & Бакревски.

Концертот ќе се одржи утре, четврток 9-ти мај, во изложбениот салон при Центарот за култура во 20:30 часот, а влезот е слободен.

Дуото кларинети Ѓоревски-Бакревски е формирано по долгогодишната соработка на двајцата кларинетисти во различни ансамбли и камерни формации. Вработени во Македонската опера и балет и активни на концертниот подиум, Дуото Ѓоревски-Бакревски е формирано со цел да се истражува репертоарот за вакво камерно Дуо, кој е ретко интерпретиран на концертниот подиум во Македонија.