Градоначалникот именува в.д. директори на две училишта и на Ј.П. „Билјанини Извори“

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, денеска за вршител на должноста директор на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец ја именува Жаклина Трипунова, професор по одделенска настава.

Виолета Темјаноска од редот на вработените во ОУТУ „ Ванчо Питошески“ е именувана за вршител на должноста директор во ова училиште.

Од денеска Иван Цветкоски со решение на градоначалникот е назначен за в.д. директор на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.