Поради ревизија, Библиотеката ги повикува сите членови да ги вратат книгите до 5-ти јуни

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ги повикува сите членови кои позајмиле книги од Библиотеката, истите да ги вратат најдоцна до 5-ти јуни поради спроведување на постапката „ревизија на книжниот фонд“. Со реализација на истата Библиотеката ќе добие податоци за општата состојба на фондот, квалитативна и квантитативна состојба на фондот, состојба на инвентарната книга, како и показатели за позајмените библиотечни материјали во одреден период.

Ревизијата Библиотеката ќе ја реализира во периодот од 15 јуни до 15 јули годинава.